
За првпат после четири години, односно после 2017/18, екипата на Бари се врати во италијанската Серија Б.
Имено, ,,Петлите” ја отворија новата сезона на гостувањето кај Парма, кое заврши со 2-2.
На стадионот ,,Енио Тардини”, двете екипи пружија изедначена партија, во која, сите голови паднаа во првото полувреме.
Најпрво, уште на самиот старт, Денис Ман (3′) им донесе водство на домаќините, а Мирко Антенучи (11′) израмни на 1-1 од пенал.
На десет минути пред паузата, Микаел Фолоруншо (35′) го комплетираше пресвртот на Бари со својот првенец во црвениот дрес, а конечниот резултат го постави Валентин Михаила (45+2′).




