
После девет кола од грчката Супер лига, неочекувано, на второто место на табелата се наоѓа екипата на Волос.
Претставниците на регионот Тесалија ја задржаа втората позиција, совладувајќи го Атромитос на гостински терен со 0-2.
За Атромитос, ова беше трет пораз на последните четири лигашки средби, кој го спушти на осмото место.
На мечот, клубот од Атина беше за нијанса подобар, но не успеа да ги реализира своите шанси.
Од друга страна, три бода на Волос му донесоа Милош Делетиќ (40′) и Пауло Фернандеш (54′).




