Ст. Луис Блус ја започнаа новата сезона на НХЛ со три последователни триумфи.
Во рамките на саботната програма, Блус славеа во Канада над Едмонтон Оилерс со 0-2.
За гостинскиот голман, Џордан Бинингтон, ова беше прв шут-аут во сезоната со одбранети 23/23 противнички удари.
Од неговите соиграчи, во листата на стрелците се запишаа Тори Круг во првата и Џастин Фолк во третата третина.
На табелата на Западната конференција, Ст. Луис го зазема петтото, а Едмонтон – десеттото место.