
Во тековната КХЛ сезона, Спартак Москва успеа да запише две победи на меѓусебните дуели против Амур Хабаровск.
Денес, претставниците на Москва ги надиграа ривалите од Истокот со 3-4 после продолжение.
Во регуларниот дел, Спартак водеше во два наврати со по два разлика, откако реализираа Илја Талалујев, Фил Вароун и Максим Циплаков.
Сепак, ,,Тигрите” изборија реми, благодарение на хет-трикот на Иван Николишин, кој ги постигна два од трите гола во последните пет минути.
Во продолжението, гостите ја оправдаа фаворитската улога и славеа со погодокот на Александер Хохлачев после педесет и пет секунди дополнителна игра.
На Истокот, Амур остана на последното место, додека Спартак ја зазема петтата позиција во Западната конференција.
https://twitter.com/khl/status/1584118197825196033?t=kuzbyKbqSdwMxkkUHv6zkg&s=19




