Победничката серија на Мајами Хит синоќа се зголеми на пет врзани триумфи, откако претставниците на Флорида славеа над Јута Џез со 124-116.
Целиот меч помина со бројни пресврти и преземање на водството и на двете екипи, за во завршницата Мајами да дојде до конечните +8.
Од победничкиот состав најмногу се истакна Џими Батлер (33 поени, 10 скокови и 8 асистенции), а одлични беа Горан Драгиќ (26 поени) и Бам Адебајо (19 поени и 11 скокови).
Кај Јута, дабл-дабл имаше Руди Гобер (15 поени и 12 скокови), а попрецизни од него беа Донован Митчел (30 поени) и Бојан Богдановиќ (17 поени).
И покрај поразот, Јута (26-7) останува на врвот на Западот како единствен тим со едноцифрен број на порази, додека Мајами (16-17) го зазема седмото место на Истокот.
📸 Alex Goodlett/Getty Images



