Овогодинешното 33. коло од англискиот Чемпионшип го отворија двата најголеми ривали и поранешни англиски шампиони – Дерби Каунти и Нотингем Форест.
За нив, ова беше вкупно 108. меѓусебно дерби на Источен Мидлендс, кое по 29. пат заврши со реми, односно со 1-1.
Во поголемиот дел на првото полувреме, Дерби беше подобар тим на теренот, но сепак Нотингем замина на пауза со предност од 0-1.
Стрелец на првиот погодок, а воедно и дебитантски во црвениот дрес, беше Џејмс Гарнер (33′). Неговиот шут од крајот на шеснаесетникот беше одбранлив, но голманот на домаќините, Дејвид Маршал, не се покажа во најдобро светло.
Во вториот дел, следуваше поцврста игра, после која, Колин Казим-Ричардс (84′) со неверојатен гол му донесе израмнување на Дерби.
Со новото реми, Нотингем ја зазема четиринаесеттата, а Дерби – седумнаесеттата позиција на табелата.
📸 Twitter: Derby County