Бруклин Нетс ја остварија и петтата врзана победа, откако синоќа им го нанесоа вториот пораз на последните три натпревари на ЛА Лејкерс со 98-109.
Во текот на првите две четвртини, натпреварот беше неизвесен, а во второто полувреме, Нетс константно ја држеа двоцифрената предност.
Од победничкиот состав, дабл-дабл постигна Џејмс Харден (23 поени и 11 асистенции), а Џоу Херис уфрли уште 21 кош.
Од редовите на Лејкерс, дабл-дабл имаше Кајл Кузма (16 поени и 10 скокови), а најефикасен беше ЛеБрон Џејмс со 32 поени.
На табелата и Лејкерс (22-8) и Бруклин (19-12) го држат второто место во своите конференции.
📸 Andrew D. Bernstein/NBAE via Getty Images



