Во најефикасниот од сите девет одиграни натпревари во НХЛ, Торонто Мејпл Лифс ги добија Отава Сенаторс со убедливи 7-3.
Победничкиот состав погоди по трипати во првата и во втората, а еднаш во третата третина, додека Сенаторс ја затресоа мрежата на Мајкл Хатчинсон по еднаш во секој период.
Стрелци за Торонто беа Остон Метјус (х2), Џоу Торнтон, Илја Михејев, Митч Марнер, Вилијам Ниландер и Џон Таварес.
Од друга страна, за Отава, при резултат од 2-0, од 5-1 и од 6-2, по еднаш погодија Тим Штуцле, Конор Браун и Дрејк Батерсон.
На табелата на Северната дивизија, Торонто ја држи првата, а Отава последната позиција.
📸 Kevin Sousa/NHLI via Getty Images