
Шестиот слалом во тековната сезона од Светскиот куп во алпско скијање, одржан во Крањска Гора, Словенија, заврши на ист начин како и четири од претходните пет трки во најтехничката дисциплина.
Имено, со триумф се закити актуелната шампионка, Петра Влхова (1:44,29), која повторно се вклучи во битката за кристалниот глобус, доблуживајќи се до Микаела Шифрин на само 35 бодови заостаток.
Токму Шифрин беше најголемата трагичарка на денот, која, при водство од над една секунда во втората серија, остана без пласман, откако промаши капија.
По дваесет и деветти пат во слалом, на подиумот заврши Венди Холденер (+0,23), која ја продолжи својата несреќна низа и сè уште нема триумф во истата дисциплина.
Иако беше шеста после првата серија, Швеѓанката Ана Свен-Ларсон (+1,06), успеа да се искачи до третото место и да го освои својот прв пиедестал после две години, односно седми во својата кариера.
Освен двете скијачки на подиумот, под две секунди доцнеа само уште Лена Дир (+1,29) и Ана Буцик (+1,65).
Во продолжение, пласман во топ десет изборија: Али Налмајер (+2,15), Катарина Трупе (+2,46), Катарина Галхубер (+2,50), Ерин Миелжински (+2,63) и Сара Хектор (+2,67).




