На деветтата овосезонска трка од Светскиот куп во санкање, одржана во Сигулда, Летонија, Маделеине Егле беше најбрза после двете серии.
Австријката (1:24,192) дојде до четвртата победа во кариерата и го намали заостатокот во генералниот поредок за петнаесет поени во однос на лидерката Јулија Таубитц.
Таубитц (+0,180) ја заврши денешната трка на второто место и ја продолжи својата серија од пласман на првите две позиции по седми пат во низа.
Третата позиција ја зазеде Русинката Татјана Иванова (+0,218), пласирајќи се на пиедесталот за првпат после точно една година во индивидуална конкуренција.
На четвртото место заврши Натали Гајзенбергер (+0,350), која беше седма после првата серија, а пласманот во првите пет го комплетираше Викторија Демченко (+0,366).
Од домашните санкачки, најдобро време постави шестопласираната Елиза Тирума (+0,408), која беше и последна со заостаток помал од половина секунда.