
Витјаз Подолск го доби Трактор Чељабинск со 2-4 што претставува прв меѓусебен триумф на гостински терен после цели две години.
На мечот, Лукаш Седлак му донесе водство на Трактор, но во втората третина, Михаил Смолин и Нико Ојамаки направија пресврт во корист на Витјаз.
На почетокот на третиот период, Витали Абрамов искористи пауер-плеј момент за да го израмни резултатот на 2-2, а Даниел Одет и Миро Аалтонен стрелаа во последните две минути за конечна победа на гостите.
Витјаз играше поофанзивно во текот на целиот натпревар и успеа да капитализира четири удари и покрај сјајните четириесет одбрани на домашниот голман – Роман Вил (90,91%).
Како капитен на оваа средба, за гостите од Подолск настапи Кирил Лјамин, кој воедно го одбележа својот огромен јубилеј од 700 одиграни натпревари во КХЛ.
Трактор има само две победи на последните шест средби што се карактеризира како главна причина за падот на второто место на Истокот.
Од друга страна, Витјаз му го предаде последното место во Западната конференција на Сочи, кој има ист број на поени, но послаба гол-разлика.



