недела, октомври 1, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Бреша го доби дербито, кое влезе во историјата поради модерната технологија

Епов Насе ✏️ Епов Насе
ноември 1, 2021
📁 Спорт, Фудбал
📸 Twitter: @BresciaOfficial

Единаесеттото коло од италијанската Серија Б беше отворено во несекојдневниот понеделнички термин од 12.30 часот.

Во дербито, на стадионот ,,Чиро Вигорито”, Бреша го порази составот на Беневенто со минимални 0-1.

Натпреварот изобилуваше со шанси и на двете страни, но одличните реакции во одбраната и на двете екипи спречија повеќе голови.

Во 85. минута, Енрико Брињола имаше стопроцентна шанса после одличниот контранапад на Беневенто, но неговиот шут помина покрај десната голманска статива.

Оваа ситуација им се ,,одби од глава” на домаќините во 88. минута, кога Матео Трамони ја искористи грешката на дефанзивецот Гаетано Летиција и го постигна победоносниот гол за Бреша.

Со новите три бодови и со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Бреша се израмни на првото место со Пиза, додека Беневенто е третопласиран со два поени заостаток.

Инаку, денешниот натпревар беше прв во историјата од втората лига, кој во Италија бил пренесуван со модерна технологија, односно со резолуција од 4К.

⚽ 🥅 | GOLLL!!!

Al minuto 88° Tramoni segna per il Brescia.

Benevento 🆚 Brescia 0 – 1#BENBRE#SerieBKT#ForzaBrescia 🔵⚪🦁 pic.twitter.com/6Z2INg907I

— Brescia Calcio BSFC (@BresciaOfficial) November 1, 2021
Tags: БеневентоБрешаИталијаСерија БФудбал
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Витјаз оствари важна победа и го напушти дното на Западот

Следна вест

Втора лига: Црн Дрим стигна до првата победа во 4.коло

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Струшките триатлонци одлични на државното првенство во друмски велосипедизам
Останато

Струшките триатлонци одлични на државното првенство во друмски велосипедизам

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Сеп/2023
Одличниот Талески најефикасен во победата на Бенфика
Ракомет

Одличниот Талески најефикасен во победата на Бенфика

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Сеп/2023
Костески и Кукуловски ги водеа своите тимови до победи
Ракомет

Костески и Кукуловски ги водеа своите тимови до победи

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2023
Победи на фаворитите во 4.коло од Суперлигата (Целосен извештај)
Ракомет

Победи на фаворитите во 4.коло од Суперлигата (Целосен извештај)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Сеп/2023
Следна вест
(Кошарка резултати) Вардар славеше во Струга

Втора лига: Црн Дрим стигна до првата победа во 4.коло

Последно

Струшките триатлонци одлични на државното првенство во друмски велосипедизам

Одличниот Талески најефикасен во победата на Бенфика

Костески и Кукуловски ги водеа своите тимови до победи

Победи на фаворитите во 4.коло од Суперлигата (Целосен извештај)

Бошњак и Бугариновиќ го “торпедираа” Скопје

ВО ЖИВО: Аеродром – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.