
Витјаз Подолск ја прекина серијата од три победи на Барис Нур-Султан, откако денес славеше со 1-3.
После 27 минути игра, ,,Црвените” стекнаа водство од 0-2 преку најдобриот клупски поентер, Нико Ојамаки и преку вториот овосезонски погодок на Иван Володин.
Барис набрзо го преполови својот заостаток со првиот гол во КХЛ на Томаш Јурчо, но Словакот остана единствен хокеар што успеа да го надмудри Илја Ежов.
Имено, рускиот голман на Витјаз запиша 36/37 одбранети шутеви и одигра важна улога во вториот врзан триумф на својот тим.
Во третата третина, односно на две и пол минути пред крајот, конечниот резултат го постави Фјодор Малихин на празна мрежа со јубилејниот стоти гол во КХЛ.
И покрај новите два бода, тимот од Подолск остана на претпоследната позиција на Западот, додека Барис е деветти тим во Источната конференција.



