
Серијата од шест победи на Минесота Вајлд беше прекината после синоќешниот пораз од Винипег Џетс со 2-0.
Канадскиот тим, иако важеше за аутсајдер, покажа подобра игра и заслужено дојде до двата бода.
Стрелци за Џетс беа Марк Шајфеле во првата и Нејт Шмидт на празна мрежа во третата третина.
Важен во домашниот состав беше и голманот Конор Хелебајк, кој ги одбрани сите 27 противнички удари и го запиша третиот шут-аут сезонава.
Во Западната конференција, Винипег остана на тринаесеттото место, додека Минесота ја зазема третата позиција.