
21-годишниот Норвежанец, Бирк Рууд, е новиот олимписки првак во фристајл скијање во дисциплината биг ер.
Рууд собра вкупно 187,75 поени после трите финални изведби што беше доволно за првото олимписко одличје во кариерата.
Норвежанецот изведе и еден неверојатен скок од 1980 степени, кој му донесе 95,75 поени.
Зад него се пласираа Американецот Колби Стивенсон (183,00) и Швеѓанецот Хенрик Харлаут (181,00), кои исто така дебитираа на подиумот на ЗОИ.
Актуелниот светски првак, Оливер Магнусон (178,25), заврши како четврт, а петтопласиран беше Италијанецот Леонардо Донаџо (172,00), кој беше најголем трагичар, откако потфрли на третата изведба во финалето.




