
Со синоќешниот триумф од 135-109, Мемфис Гризлис ја запишаа петтата меѓусебна победа во низа над ЛА Клиперс.
Натпреварот започна со изедначено темпо, но веќе после првата четвртина, сè почна да се одвива во посакуван правец за Мемфис.
Од победничките редови, Џа Морант беше најефикасен со 30 поени, а Џерен Џексон Џуниор запиша дабл-дабл од 26 поени и од 11 скокови.
На спротивната страна, во отсуство на Пол Џорџ и на Каваи Ленард, најрасположени беа Ајзеа Хартенштајн и Норман Пауел со 19, односно со 16 кошеви.
На Западот, Мемфис (38-18) се го држи третото место, додека Клиперс (27-29) паднаа на осмата позиција.




