ЛА Доџерс намалија на 3-2 во полуфиналната серија против Атланта Брејвс, со синоќешниот триумф од 3-7.
Атланта, после првите три ининзи, водеше со 2-0, но потоа следуваше серијата од 7-0 на Доџерс.
За клубот од Лос Анџелес, Кори Сигер постигна два хоум-рани, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Вил Смит при фрлањето на неговиот истоименик, Вил Смит, кој беше фрлач на Брејвс. За првпат во историјата, во плејофот се соочија два истоимени играчи.
Накрај, во осмиот ининг, Брејвс постигнаа уште еден утешен поен за поставување на конечниот резултат.



