Тампа Беј Рејс и Хјустон Астрос пружат неверојатни партии во нивната меѓусебна полуфинална серија.
Имено, Тампа Беј лесно поведе со 3-0 и се чинеше дека со ,,чистка” ќе влезе во финалето, но актуелните вицешампиони не се предадоа. Синоќа, Астрос израмнија на 3-3, со победата од 4-7, за закажување на седмиот одлучувачки натпревар.
По почетното водство од 1-0 на Рејс, Хјустон направи серија од 7-0, во петтиот, во шестиот и во седмиот ининг, со освоените бази и со хоум-ранот на Кајл Такер.
До крајот, останатите три поени на Рејс им ги донесе Мануел Маргот со двата свои хоум-рани.