вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Од втора лига до европска титула за само две години: Бристол Берс го освоија Челенџ Купот

Епов Насе ✏️ Епов Насе
октомври 17, 2020
📁 Останато, Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Синоќа беше одиграно финалето на второто по ред најквалитетно европско екипно натпреварување во рагби унион – Челенџ Куп.
Во борбата за тронот, пред илјада гледачи на ,,Стад Морис-Давид” во О-ан-Прованс, Бристол Берс и Тулон ги одмерија силите во вкупно седмото финале помеѓу англиски и француски клубови.
За англиските претставници, ова беше прво европско финале, додека Тулон досега двапати беше финалист на Челенџ Купот (2009/10 и 2011/12).
Накрај, до првата европска титула стигна тимот на Бристол Берс, кој славеше со конечни 32-19.
На патот до овогодинешното финале, Бристол ги елиминира Драгонс (56-17) и Бордо Беглс (37-20), додека Тулон беше подобар од Скарлетс (11-6) и од Лестер Тигерс (34-19).

Натпреварот започна неверојатно за ,,Мечките” од Бристол, кои го постигнаа најбрзиот есеј во едно европско финале. Имено, на Хари Рендал му беа потребни само петнаесет секунди за да се запише во листата на стрелците. Во наредните три минути, Калум Шиди постигна конверзија и пенал за да му донесе брзо водство на својот тим од 10-0.
До крајот на полувремето, францускиот состав направи целосен пресврт и замина на пауза со 10-16. Поентери за Тулон во првите четириесет минути беа Брајс Хим (есеј) и Луис Карбонел (конверзија и три пенали).

За одличните шутирања на Карбонел, поранешниот крилен играч на Харлекинс и на Тулон, Крис Ештон, прокоментира на ,,БиБиСи Радио 5″:
,,Никогаш го немав видено Луис Карбонел да шутира така додека бев во Тулон. Никогаш ја немаше истата сила како при последниот пенал, кога лесно ја смести топката помеѓу стативите од педесет метри.”

Пресуден елемент за победата на Берс на оваа средба беше токму второто полувреме, коешто го добија со убедливи 22-3. Единствените поени за Тулон ги постигна Карбонел од неговиот четврти прецизен пенал, додека Шиди доминираше на спротивната страна.
Имено, Англичанецот, во вториот дел беше неприкосновен со пет пенали и една конверзија, којашто следуваше по успешниот есеј на Макс Малинс.
Успехот на Бристол Берс добива уште поголемо значење, кога ќе се земе во предвид фактот дека пред две години, овој клуб се натпреваруваше во втората англиска лига.

,,Бристол Берс, во второто полувреме, не им ги дадоа на Тулон можностите што им ги дозволија во првото: направија помалку грешки и беа подисциплинирани. Знаеја дека треба да дадат повеќе отколку Тулон и дека ако им ја ,,сокријат” топката и ја држат повеќе во свој посед – ќе бидат супериорни. Одиграа многу професионално второ полувреме и беа подобри од Тулон.” – се огласи коментаторот на ,,БиБиСи Радио Бристол” – Дамијан Дерик.

Tags: Бристол БерсРагбиТулонЧеленџ Куп
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Вил Смит против Вил Смит и втора победа за Доџерс

Следна вест

Даниел Мусовски напаѓачот на ЛА прифати да игра за Македонија

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Даниел Мусовски напаѓачот на ЛА прифати да игра за Македонија

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.