Синоќешната МЛБ програма ја отворија екипите на Тампа Беј Рејс и на Њујорк Јенкис, кои се соочија по вторпат сезонава.
Имено, до втората победа во низа над истите противници дојдоа актуелните вицешампиони, Тампа Беј, кои славеа со 4-0.
,,Ражите”, за да стигнат до победата, запишаа поени во првите три ининзи: по еден хоум-ран постигнаа Остин Медоус и Ренди Арозарена, а по четири бази освоија Џои Вендл и Вили Адамес.
Непосредно по натпреварот, Рејс (4-4) беа деветти, а Јенкис (3-5) – петнаесетти во Американската лига.
📸 Julio Aguilar/Getty Images



