По трите последователни меѓусебни порази, Далас Старс, синоќа, успеаја да ги совладаат Флорида Пантерс со 4-1.
Имено, актуелните вицешампиони стекнаа предност од 2-0 уште во првите две минути, откако мрежата на Сергеј Бобровски ја затресоа Џејсон Робертсон и Жоел Л’Есперанс.
До крајот на првата третина, Старс го зголемија своето водство на огромни 3-0 со голот на Џејми Бен.
Во наредните два периоди, двете екипи постигнаа по еден погодок: за Пантерс погоди Александер Барков, а за Далас, по вторпат на мечот, во листата на стрелците се запиша Робертсон.
Со втората победа во низа, Далас скокнаа на шестото место во Централната дивизија, додека Пантерс ја заземаат третата позиција.
📸 Glenn James/NHLI via Getty Images