
Најголемата сензација во досегашниот дел од сезоната во НРЛ ја приредија Вестс Тигерс во деветтото коло.
,,Тигрите”, после осум рунди, беа единствена екипа без победа, но успеаја да им го ,,земат скалпот” на актуелните шампиони, Пенрит Пантерс, со 8-12.
После првото полувреме, резултатот гласеше 8-8 при што, сите поени за гостите ги постигна Брендон Вејкхам (3′), додека за домаќините, Тајрон Пичи (11′) имаше есеј, а Стивен Крајхтон погоди две конверзии.
Во вториот дел, гостите дојдоа до изненадувачката победа преку Давид Нофоалума (50′), кој успешно ја внесе топката во противничката енд-зона.
На табелата, Вестс остана на последното место, додека Пенрит падна на петтата позиција.