
Во седмото коло од тековната АФЛ сезона, Карлтон Блус ги декласираа Вест Коуст Иглс со (6.8) 44-152 (23.14).
За Блус, победата од 108 поени разлика беше тринаесетта најубедлива во клупската 159-годишна историја, а во неа, најмногу се истакна еден поединец.
Имено, Чарли Карноу (9.3) постигна вкупно 57 поени и со деветте гола постави нов рекорд за најдобар стрелец на еден натпревар на ,,Оптус Стадиум”.
Од неговите соиграчи, хет-трик запиша Џек Силвањи (3.1), а два гола додаде Хари МекКај (2.1).
На спротивната страна, единствена светла точка беа Ксавиер О’Нил (2.1) и Оскар Ален (2.0).
На табелата, Вест Коуст падна на последното место, додека Карлтон скокна во плејоф-зоната на шестата позиција.