
После првите шест кола од новата НРЛ сезона, единствен тим без поени е Вестс Тигерс.
Денес, ,,Тигрите” беа поразени по шести пат, откако загубија со 22-28 од Парамата Илс.
За Илс, ова беше втора победа, која ги искачи на четиринаесеттото место на табелата.
На мечот, гостите, заклучно со стартот на второто полувреме, водеа со 6-22 – предност што ја задржаа до самиот крај.
За домаќините, Адам Дуеи (2/4) и Лук Брукс (1/1) погодија шутеви, а топката во противничката енд-зона ја внесоа Старфорд То’а (23′), Асу Кепаоа (49′), Брент Нејден (64′) и Џуниор Тупу (71′).
Од гостинските редови, задолжен за киковите беше Митчел Мосес (4/5), а есеи имаа Клинтон Гатерсон (11′), Вил Пенисини (14′), Брајс Картрајт (33′) и Маика Сиво (45′, 75′).