
Џилонг Кетс важеа за едни од главните конкуренти за титулата, но ја започнаа новата АФЛ сезона со три порази.
Лошата игра беше присутна и во првото полувреме од последниот натпревар од четвртото коло, но сепак ситуацијата драстично се смени до самиот крај.
Имено, ,,Мачките” го запишаа првиот триумф сезонава, декласирајќи ги Хоторн Хокс со (19.13) 127-45 (6.9), притоа правејќи серија од неверојатни 100-9 во второто полувреме.
Протагонист во победата на Кетс беше Џереми Камерон (7.1), а по два гола имаа уште Оливер Хенри (2.3), Том Хокинс (2.1), Бред Клоус (2.0) и Тајсон Стенгл (2.0).
На спротивната страна, единствени фудбалери со двоцифрен поентерски учинок беа Лук Бројст (3.1) и Фергус Грин (2.0).
Од вкупните осумнаесет екипи, дури шест имаат по една победа при што Џилонг го зазема четиринаесеттото, а Хоторн – последното место.