
Екипата на Вестмит го освои првото издание на Таилтеан Куп во галски фудбал, откако во финалето го порази Каван со (2-14) 20-16 (1-13).
Имено, станува збор за натпреварување во кое учествуваа елиминираните екипи од раните фази на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип.
На денешната средба, резултатот беше во потполност изедначен, а како клучен момент се покажа голот на Киран Мартин на три минути пред крајот.
Освен Мартин, гол за победниците заби и Лоркан Долан, а кај клубот од Алстер, најрасположени во офанзивата беа Падриг Фолкнер (1-00), Героид МекКирнан (0-03), Џерард Смит (0-03) и Педи Линч (0-03).
На патот до финалето, Вестмит ги елиминира Лиш, Карлоу и Офали, а Каван беше подобар од Даун, од Фермамах и од Слајго.
На овој начин, Вестмит освои директен пласман во групната фаза на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип за наредната сезона.