
Неочекувано и потполно аутсајдерски, Балтимор Ориолс ја поседуваат најдолгата победничка активна серија од сите екипи во МЛБ.
Имено, со синоќешната победа од минимални 1-0 над ЛА Анџелс, Ориолс го запишаа седмиот последователен триумф.
Единствениот поен на натпреварот падна во четвртиот ининг, кога Рајан Маунткесл освои четири бази по ударот на Ентони Сантандер.
И покрај поразот, неверојатен со десет страјк-аути беше стартниот фрлач на гостинскиот табор – Патрик Сандовал.
Во Американската лига, Балтимор (42-44) го држи деветтото место, додека Анџелс (38-48) се наоѓаат на дванаесеттата позиција.