
Откако Дрогеда Јунајтед се врати во ирската Премиер дивизија во 2021, беа одиграни вкупно осум дербија на округот Лаут против екипата на Дандалк.
Вчера, во дваесет и третото коло од ирската елита, Дрогеда славеше со минимални 1-0 и се израмни по бројот на меѓусебни победи со најголемиот ривал на 4-4 во последните две години.
Иако гостите напаѓаа во поголемиот дел од натпреварот, домаќините ја исполнија својата цел уште во првата минута, кога мрежата на Нејтан Шеперд ја затресе Дин Вилијамс.
На табелата, Дандалк остана на втората позиција, но го загуби чекорот во однос на водечките Шамрок Роверс.
Од друга страна, Дрогеда го држи осмото место со тринаесет бодови предност во однос на Фин Харпс, односно на плејаут-зоната.