
Вестерн Булдогс триумфално го напуштија Западот на Австралија, совладувајќи ги Фриментл Докерс со (10.9) 69-118 (17.16) во шестото коло на АФЛ.
Речиси во текот на цел натпревар, гостите ја држеа предноста на своја страна и постепено ја зголемуваа до максимални +56 во четвртата четвртина.
Од победничките редови, хет-трик постигнаа Арон Нотон (3.2) и Бејли Вилијамс (3.0), а расположени во офанзивата, со по два гола, беа Адам Трелоар (2.0) и Маркус Бонтемпели (2.0).
Најдобриот стрелец на Докерс од минатата година, Рори Лоб (1.3), постигна девет поени против својот поранешен клуб.
Кај домаќините, двоцифрен поентерски учинок имаа Мајкл Фредерик (2.1) и Сем Старт (2.0).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Булдогс избија на десеттата, а Фриментл падна на тринаесеттата позиција.