
По серијата од четири порази, Вегас Голден Најтс се вратија од паузата за Ол-Стар со триумф од 1-5 над Нешвил Предаторс.
Во шестата минута, Предаторс поведоа со 1-0 преку Мет Душен, а веќе после пет минути, губеа со 1-3, пред гостите да додадат уште по еден гол во преостанатите две третини.
За Голден Најтс, стрелци на овој натпревар беа Мајк Амадио, Вилијам Кериер, Фил Кесел, Чендлер Стивенсон и Алекс Пјетранџело.
Во Западната конференција, Нешвил остана на десеттата позиција, додека Вегас го зазема третото место.