
Во заостанатиот меч од дваесет и осмото коло на англискиот Чемпионшип, Блекпул и Хадерсфилд ремизираа со 2-2.
Во триесет и шестата минута, Метју Пирсон (36′), со првиот овосезонски погодок, им донесе водство на гостите, а во судиското продолжение на првото полувреме, директен црвен картон заработи напаѓачот на Блекпул – Гери Медин (45+3′).
Сепак, на осум минути пред крајот, новото засилување од Шамрок Роверс, Енди Лајонс (82′), го заби дебитантскиот гол во англискиот фудбал и израмни на 1-1.
Само четири минути подоцна, Хадерсфилд поведе повторно, благодарение на Џош Корома (86′), а на истекот на регуларниот дел, Џош Боулер (90′) им донесе бод на ,,десеткуваните” домаќини.
На табелата и Хадерсфилд и Блекпул се наоѓаат во ,,црвената” зона, а позади нив е само екипата на Виган.