
Машкиот дел од Светското првенство во алпско скијање започна со денешната трка во алпска комбинација во Куршевел, Франција.
На неа, огромно задоволство на домашната публика и’ донесе Алексис Пантуро (1:53:31), кој се закити со третото светско злато.
На втората позиција, за шести медал од СП, се пласираше Марко Шварц (+0,10), додека третопласиран беше Рафаел Хаасер (+0,44).
За Хаасер, ова беше прво одличје во кариерата, а на вчерашната трка, до ист учинок дојде и неговата сестра Рикарда.
Во продолжение, под една секунда заостануваа Ривер Радамус (+0,69) и Атле Ли МекГрат (+0,72).