
Екипата на ВБА успеа да ја прекине својата мини-серија од два порази со синоќешната победа над Ковентри.
Имено, избраниците на Карлос Корберан ги совладаа своите ривали од Западен Мидлендс со минимални 1-0 и влегоа во плејоф-зоната.
Со новите три бода, клубот од Вест Бромвич скокна на петтото место, оставајќи ги ,,Светло сините” на тринаесеттата позиција.
Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Грејди Дијангана (15′), кој стрелаше по петти пат сезонава, односно првпат после речиси два месеци.