
Во увертирата на триесет и првото коло од англиската Национална лига, Барнет ја оправда фаворитската улога.
Имено, Сканторп Јунајтед, иако доживеа промена во директорските редови, загуби на домашен терен од претставниците на Лондон со конечни 1-3.
За двете екипи, ова беше осумнаесетти меѓусебен дуел во историјата и прв ,,Сендс Вењу Стадиум” надвор од ЕФЛ.
Гостите дојдоа до двојно водство на крајот на првото, односно на стартот на второто полувреме со двата гола на Дејл Горман (32′, 55′), кој дојде до вкупно три овосезонски погодоци.
Во шеесет и втората минута, Гери МекДонах (62′) го преполови дефицитот на домаќините, но само четири минути подоцна, Давид Мојо (66′) го постави конечниот резултат.
На табелата, Барнет остана на петтата позиција, додека Сканторп сè уште е во ,,црвената” зона на претпоследното место.