Во дваесет и третото коло од италијанската Серија Б, Модена ја запиша првата победа против Каљари после 2001.
Имено, ,,Канаринците” ги поразија претставниците на Сардинија со резултат од 2-0 и скокнаа на деветтото место на табелата.
Од друга страна, Каљари остана на шестото место, иако го запиша првиот пораз во календарската 2023 година.
На мечот, домаќините ја имаа контролата во потполност, а триумфираа со головите на Давиде Диоу (п. 25′) во првото и на Николас Бонфанти (83′) во второто полувреме.
Еден од клучните моменти беше и вториот добиен жолт картон на Марко Рог (45+2′), кој го остави Каљари со играч помалку во текот на целиот втор период.