Дербито на Истокот помеѓу Салават Јулаев Уфа и Авангард Омск на одличен начин ја отвори денешната КХЛ програма – со вкупно единаесет постигнати погодоци.
Имено, Омск славеше после продолжение со 5-6, а голови паѓаа во секој дел од играта.
Непарните третини завршија со 2-2, односно со 3-2 во корист на Уфа, а Авангард го доби вториот период, како и продолжението со идентични 0-1.
Стрелци за домаќините беа Владимир Жарков, Дмитри Кугришев, Михаил Науменков и Маркус Гранлунд (х2), додека за Авангард погодија Александер Хохлачев, Илја Ковалчук, Кирил Семјонов, Оливер Каски и Јиржи Секач.
Омск, со денешната победа, освен што го задржа второто место на Истокот, ја прекина и својата негативна серија од два врзани порази во продолжение или на пенали. Воедно, хокеарите на Авангард ја прекинаа низата од три победи на Уфа, којашто се наоѓа на третото место.
📸 sport-express.ru