Втората локација, после Вал Мустер, од овогодинешното издание на Тур д ски е италијанското гратче Тоблах.
Денес, овде се одржаа првите трки во машка и во женска конкуренција на долги дистанци.
Кај дамите, трката на десет километри ја добија Американките Џеси Дигинс (25:14,5) и Роузи Бренан (+14,8) пред Швеѓанката Еба Андерсон (+22,2). Во првите пет се пласираа уште Јулија Белорукова Стубак (+25,7) и Криста Пармакоски (+31,3).
Мажите ги одмерија силите на петнаесет километри, а од првите осуммина, дури седум беа Руси. Александер Болшунов (32:49,6) по третпат во низа на Тур д ски успеа да триумфира, но овој пат пред Денис Спитсов (+8,3) и пред Иван Јакимушкин (+13,9). Во продолжение следуваа Алексеј Червоткин (+19,2) и Артјом Малцев (+21,8), кои му претходеа на единствениот Французин помеѓу Русите – Морис Манифика (+22,9). Останатите претставници на најголемата држава по површина во светот што се најдоа во топ 8 беа Евгениј Белов (+27,6) и Андреј Мелниченко (+29,2).
📸 2020 Getty Images



