Последната локација од Новогодишната турнеја во ски скокови, традиционално, е австрискиот Бишофсхофен.
Денес, на скокалницата ,,Паул Аусерлајтнер”, со големина од 140 метри, беа одржани квалификациите.
Водечкиот натпреварувач во поредокот на Новогодишната турнеја, Камил Штох, успеа да триумфира со скокот од 138 метри, доволен за 142,9 поени.
Веднаш зад него, со минимални заостатоци, се пласираа двајцата Норвежани, Роберт Јохансон (+0,6) и Халвор Егнер Гранеруд (+0,7).
Пласман во првите десет изборија уште: Штефан Крафт, Даниел Хубер, Давид Кубацки, Михаел Хајбок, Маркус Ајзенбихлер, Јукија Сато и Филип Ашенвалд.
Најголемо разочарување беше најдобриот словенечки скокач сезонава, Анже Ланишек, кој не успеа да се пласира во првата серија.
На утрешното натпреварување нè очекуваат неколку квалитетни парови: Андржеј Стекала – Карл Гајгер, Домен Превц – Александер Жнишчол, Петер Превц – Грегор Шлиренцауер, Евгениј Климов – Маркус Ајзенбихлер и Клеменс Муранка – Јукија Сато.
📸 Getty Images