Во третото коло од Националната харлинг лига беше одиграна репризата на минатогодишното финале на Ол-Ајрленд Сениор Харлинг Чемпионшип.
Имено, шампионите Лимерик овој пат беа поразени од вицешампионите Ватерфорд со резултат од (1-22) 25-21 (0-21).
Во првото полувреме, Лимерик играа со поволен ветар во своја корист и водеа на паузата со 8-13.
Сепак, во вториот дел останаа со тринаесет играчи на тревникот, а Ватерфорд успеа да го комплетира својот пресврт.
Голот за домаќините го постигна Џек Фаган, а од неговите соиграчи, со осум поени најефикасен беше Стивен Бенет.
На спротивната страна, поентерски најмногу се истакна Арон Џилејн (0-11).
После првите три кола, во групата А од првата дивизија на НХЛ, Ватерфорд (4 поени) го зазема четвртото, а Лимерик (1 поен) – петтото место.