
Второто коло од Националната фудбалска лига ја угости репризата на финалето на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип од 2019.
Имено, исто како и тогашниот прв натпревар, така и вчера, Даблин и Кери ремизираа со резултат од (4-09) 21-21 (1-18).
Двете екипи одиграа исклучително изедначен дуел, кој го доби конечниот резултат со голот од пенал на Дејвид Клифорд во судиското продолжение.
Патем, Клифорд беше најефикасен поединец кај Кери со учинок од 1-6 (9 поени), а од соиграчите, уште четири поени додаде Шон О’Шеј.
Кај Даблин, Кормак Костељо (2-3) и Кон О’Калахан (2-1) беа стрелци на головите, а воедно и поентерски најрасположени фудбалери.
Во јужната група на првата дивизија на НФЛ, со по три освоени поени, Кери и Даблин ги заземаат првото и второто место.



