Во текот на изминатиот викенд беше одржан вториот овосезонски грен-слем во голф – ПГА Чемпионшип.
Ова беше вкупно 103. издание на престижното натпреварување, кое по вторпат, односно прв после 2005, заврши во рацете на Фил Микелсон.
За Микелсон, вчерашната титула беше воедно и негов вкупно шести грен-слем во кариерата.
Со своите педесет години и единаесет месеци, Американецот стана најстар освојувач на еден од четирите престижни турнири (Мастерс Турнамент, ПГА Чемпионшип, УС Опен и Опен Чемпионшип) во историјата.
Имено, Микелсон водеше после вториот, после третиот и после четвртиот ден, а го заврши турнирот со освоени (-6) поени.
Водечки после првиот ден беше Канаѓанецот Кори Конерс, кој накрај заврши на седумнаесеттото место (0).
Со по (-4) освоени поени, второто место го поделија Луис Оостхујзен и Брукс Коепка, а на четвртата позиција, со учинок од (-2), се пласираа дури четири голфери: Пол Кејси, Падриг Харингтон, Хари Хигс и Шејн Лаури.