
Актуелните шампиони, Тампа Беј Лајтнинг, се пласираа во полуфиналето, откако ги елиминираа лидерите на Истокот, Флорида Пантерс, со вкупни 4-0.
Во четвртиот меѓусебен натпревар, Тампа Беј славеше со резултат од 2-0.
Стрелци за домашниот состав беа Патрик Марун и Ондреј Палат во третата третина.
Од друга страна, Флорида упати 49 шутеви, но стопроцентен помеѓу стативите беше Андреј Василевски за првиот шут-аут во тековниот плејоф.
За Тампа Беј, ова беше десетта добиена плејоф серија во низа што е трет најдобар учинок во историјата после Њујорк Ајлендерс (19, 1980-1984) и после Монтреал Канадиенс (13, 1976-1980).
Во конференциското финале, Лајтнинг ќе го чекаат победникот од дуелот помеѓу Њујорк Ренџерс и Каролина Хурикејнс (1-2).