
По четирите меѓусебни порази во низа, Питсбург Пиратес ги совладаа Колорадо Рокис со резултат од 2-1.
Во првиот ининг, ,,Пиратите” дојдоа до водство преку Бен Гамел по ударот на Ке’Брајан Хејс.
Токму Хејс во осмата деветтина освои четири бази по асистенција на Јоши Тсутсуго и ја остави победата на ,,ПНЦ Парк”.
Во меѓувреме, во четвртиот период, Рајан МекМен донесе почесен поен, односно тогашно израмнување за гостите.
Во Националната лига, Колорадо (19-22) го држи деветтото место, додека Питсбург (17-24) се наоѓа на четиринаесеттата позиција.