
Во тековната МЛБ сезона, Вашингтон Нешоналс се покажаа како посакуван ривал за Мајами Марлинс.
Имено, на синоќешниот осми меѓусебен овосезонски дуел, Марлинс го запишаа седмиот триумф, славејќи со 2-1 после продолжение.
Во десеттиот ининг, Луис Гарсија им донесе водство на Нешоналс, но во втората половина, пресвртот на домаќините го комплетираа Џез Чисхолм Џуниор и Вилијанс Астудиљо.
Во Националната лига, Мајами (24-30) изби на десеттото место, а Вашингтон (21-37) остана на претпоследната позиција.