
Екипата на Кремонезе беше вицешампион на италијанската Серија Б во сезоната 2021/22 и избори враќање во елитата за првпат после 1996.
Сепак, непосредно после последното коло, тренерот Фабио Пекја поднесе оставка и набргу се пресели на клупата на Парма.
Откако беа без тренер околу десет дена, новите прволигаши го пополнија своето кормило со релативно неочекувано име.
Имено, на клупата на клубот од Кремона ќе седне Масимилијано Алвини, кој ја предводеше Перуџа до осмата позиција во втората лига минатата сезона.
52-годишниот стратег сè уште нема прволигашко искуство, а освен Перуџа, во Серија Б ја предводеше и Реџана од 2019 до 2021.
Претходно, во Серија Ц, Алвини беше менаџер на Пистојезе и на АлбиноЛефе, а дотогаш водеше екипи од аматерските италијански дивизии.




