
Во финалето на НБА, Бостон Селтикс стекнаа водство од 2-1, откако во третиот дуел ги надиграа Голден Стејт Вориорс со 116-100.
Во првото полувреме, Селтикс дојдоа до предност од +18, но со серијата од 27-12 во третата четвртина, Вориорс се вратија во игра.
Сепак, домашните кошаркари не го ,,загубија компасот” и повторно успеаја да стекнат двоцифрено водство.
За Бостон, три играчи беа носители на играта, односно Џејлен Браун со 27, Џејсон Тејтум со 26 и Маркус Смарт со 24 поени.
Кај Голден Стејт, најефикасни беа Стеф Кари и Клеј Томпсон со 31, односно со 25 кошеви.