
Со двете победи на последните три средби, Вашингтон Капиталс влегоа во плејоф-зоната во Источната конференција, заземајќи го седмото место.
Во рамките на синоќешната НХЛ програма, претставниците на главниот град на САД триумфираа над Аризона Којотес со 0-4.
За ,,Којотите”, овој пораз значеше останување на четиринаесеттото место на Западот и оддалечување од пласманот во доигрувањето.
На мечот, Капиталс имаа по еден гол во непарните и два гола во втората третина, а стрелци беа Дилан Сторм (х2), Сони Милано и Том Вилсон.
Нивниот голман, Дарси Кемпер, имаше 27/27 одбранети шутеви за петтиот шут-аут во тековната сезона.