
Првото натпреварување од Светскиот куп во ски скокови во Сапоро (Јапонија) се одвиваше по ноќни услови веднаш после првите квалификации.
Победник на квалификсциската рунда беше Халвор Егнер Гранеруд, кој денес заврши на третото место.
Пред него, на втората позиција, заврши лидерот во генералниот поредок, Давид Кубацки, а триумф запиша Рјоју Кобајаши.
Имено, Кобајаши беше најдобар во втората серија и успеа да триумфира пред домашните навивачи што воедно е негова прва победа сезонава.
Пласманот во топ 5 го комплетираа Камил Штох и Штефан Крафт, а по нив следуваа двајцата Словенци- Анже Ланишек и Тими Зајц.




