Во првиот овосезонски меѓусебен дуел, Вашингтон Капиталс ги поразија Њу Џерси Девилс со резултат од 4-3.
Имено, заклучно со почетните минути од вториот дел, Девилс стекнаа предност од 0-2 со головите на Андреас Јонсон и на Џек Хјус.
Во продолжение следуваше целосен пресврт и серија од четири погодоци на Капиталс, при која, во листата на стрелците се запишаа Ти Џеј Оши (х2), Џон Карлсон и Александер Овечкин.
До крајот, хокеарите на Њу Џерси успеаја само да го намалат својот заостаток преку Никита Гусев, кој го постави конечниот резултат.
На табелата на Источната дивизија, Капиталс ја заземаат втората, а Девилс – седмата позиција.
📸 Rob Carr/Getty Images



