Првиот од петте меѓусебни интернационални Т20 натпревари помеѓу Нов Зеланд и Австралија, заврши со 184/5 (20) – 131/10 (17.3) во корист на популарните ,,Блек кепс”.
Имено, одличните фрлачи му ја донесоа победата на Нов Зеланд, отстранувајќи ги сите десет австралиски удирачи, притоа забележувајќи четири викети во првите пет оувери.
Од домашните фрлачи, најдобар учинок имаше Иш Соди (4-28), додека најефикасен во австралиските редови беше Митчел Марш со 45 поени.
Од друга страна, Девон Конвеј, со 99 поени без доживеан викет, беше убедливо најдобар играч на натпреварот, кој беше и најубедлив удирач од новозеландскиот состав. За него, ова беше петтиот Т20 меч во низа со повеќе од 50 постигнати поени.
Од Австралија, Даниел Семс (2-40) и Џај Ричардсон (2-31) имаа најдобри фрлачки перформанси.
📸 Twitter: BLACKCAPS